Mладите се главни актери на мирот
Mладите луѓе ширум Западниот Балкан имаат заеднички надежи и соништа. Оваа заедничка визија е моќен, но во голема мера неискористен ресурс за граѓаните за мир и социјална кохезија во регионот и потребно е да ѝ се обезбеди вниманието кое го заслужува во политичките дебати и младинските програми за мир.
Регионална студија: Заедничка иднина
Студијата „Заедничка иднина: Перцепции на младите за мир на Западниот Балкан“ (Shared Futures: Youth Perceptions on Peace in the Western Balkans) спроведена е од страна на UNDP во соработка со UNFPA и RYCO, преку партиципативен истражувачки процес кој ги вклучува младите, и покрива гласови на преку 4.500 млади жени и мажи во Албанија, Босна и Херцеговина, на Косово*, у Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Преземи ја студијата
19.5%
Учество:
Просечно 19,5% млади учествуваат во граѓанскиот активизам, но преку 65% се заинтересирани да бидат поактивни
42%
Регионални односи:
42% млади очекувале подобрување на регионалните односи. Само 8% очекувале дека ќе се влошат, додека остатокот не очекувал промени
61-91%
Соработка на младите:
61-91% млади се согласуваат дека младинските размени можат да имаат позитивно влијание на регионалните односи
49-75%
Наративи што создаваат раскол:
49-75% млади жени и мажи се загрижени поради лажните вести и теории на завери
52%
Mиграции кон странство:
Просечно 52% млади велат дека за 10 години се гледаат како живеат во странство
#SHAREDFUTURES
Перцепции на младите за мирот на Западниот Балкан.
*
За ОН, сите референци за Косово се сфаќаат во контекст на Резолуцијата на Советот за безбедност 1244 (1999).
За RYCO, ова именување не ги доведува во прашање ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност и мислењето на ICJ за косовската Декларација за независност.