Наоди од истражувањето
Клучни пораки
Mладите луѓе се главни актери во градењето на одржливи мирољубиви општества на Западниот Балкан. Тие делат заедничко културно наследство и воглавно меѓу себе се гледаат со доверба и љубопитност, но понекогаш и со внимание. Нивните надежи и вредности ширум регионот се тесно поврзани. Повеќето се уверени дека нивната генерација е позитивна сила во нивното општество и оптимистични се во поглед на решавање на некои упорни предизвици во регионот.
ладите луѓе се главни актери во градењето на одржливи мирољубиви општества на Западниот Балкан.
Па сепак, остануваат некои значителни предизвици. Довербата помеѓу државните органи и општества е критичен аспект на мирот и на општествената кохезија. Поправката на прекинатите врски и довербата меѓу младите луѓе и донесувачите на одлуки е суштинска задача. Трасирањето на патот за поголем ангажман на младите и чувството на контрола е подеднакво важно. Потребни се механизми за известување на младите за искуствата со дискриминација и насилство, како и институциите и властите да се забават со решавање на тие прашања.
Од друга страна, довербата, односите и интеракциите меѓу младите луѓе, преку општествените поделби, исто така се важен аспект за мир и социјална кохезија. Наративите чија цел е да создадат раскол претставуваат важна пречка кон оваа цел. Поделбите и конфликтите во регионот оставија траги на младите луѓе, но младите воглавно искажуваат отвореност за пријателство со членови на различни групи. Повеќето млади луѓе се повеќе оптимистични отколку што не се кога се мисли на мир и подобрени односи во регионот. Сепак, треба да се охрабруваат повеќе можности младите луѓе да се состануваат и градат пријателства на сите етнички, верски и географски линии, затоа што се поврзани со широк спектар на позитивни исходи.
19.5%
Учество:
Просечно 19,5% млади учествуваат во граѓанскиот активизам, но преку 65% се заинтересирани да бидат поактивни
42%
Регионални односи:
42% млади очекувале подобрување на регионалните односи. Само 8% очекувале дека ќе се влошат, додека остатокот не очекувал промени
61-91%
Соработка на младите:
61-91% млади се согласуваат дека младинските размени можат да имаат позитивно влијание на регионалните односи
49-75%
Наративи што создаваат раскол:
49-75% млади жени и мажи се загрижени поради лажните вести и теории на завери
52%
Mиграции кон странство:
Просечно 52% млади велат дека за 10 години се гледаат како живеат во странство
#SHAREDFUTURES
Перцепции на младите за мирот на Западниот Балкан.
Преземи ја студијата